Објавени номинациите за Оскар: „Обликот на водата“ предводи со 13 номинации

Од:

Денеска беа објавени номинациите за наградата Оскар, а филмот „Обликот на водата“ е со најмногу номинации, друи 13, а по него следува „Данкирк“ со осум.

За најдобра актер номинирани се младите Тимоти Шалумеј од филмот „Скриена љубов“ и Даниел Кулују од „Бегај!“, покрај ветерани Даниел Деј-Луис, Гери Олдман и Дензел Вашингтон. За најдобра глумица номинирани се Сали Хокинс, Францес Мекдорманд и Мерил Стрип, покрај младата колешка Маргот Роби за улогата во филмот „Јас, Тонја“ и Сирша Ронан за „Лејди Брд“.

За најдобар филм ќе се борат „Три билборди надвор од Ебинг, Мизури“ на Мартин Мекдона, „Обликот на водата“, „Пошта“, „Лејди Брд“, „Бегај!“, „Данкирк“, „Најтемниот час“, „Викај ме по твоето име“ и „Фантом Тред“.

За најдобра споредна улога номинирани се актерките Мери Џеј Блајџ, Алисон Џани, Лесли Манвил, Лори Меткалф и Октавиа Спенсер, додека за спореден глумец номинирани се Вилијам Дефо, Вуди Харелсон, Ричард Џенкинс, Кристофер Пламер и Сем Роквел.

За Оскарот за најдобар режисер ќе се борат Кристофер Нолан за филмот „Данкирк“, Џордан Пеле за филмот „Бегај!“, Пол Томас Андерсон за „Phantom Thread“, Гиљермо дел Торо за „Обликот на водата“ и Грета Гервиг за „Lady Bird“, што е само петта жена во историјата на Оскарите номинирана во оваа категорија.

За најдобро оригинално сценарио номинирани се Емили В. Гордон и Кумаил Нанјиани за „Мојата љубовна приказна“, Џордан Пеле за „Бегај!“, Грета Гервиг „Лејди Брд“, Мартин Мекдона „Три билборди“ и Гиљермо дел Торо и Венеса Тејлор за „Обилкот на водата“.

Во трката за оскарот за најдобро прилагодено сценарио влегуваат Џејмс Ајвори („Скриена љубов“), Скот Нојстандер и Мајкл Вебер („Дизастер аристс“), Скот Френк, Џејмс Менголд и Мајкл Грин („Логан“), Ерон Соркин („Големата игра“) и Вирџил Вилијамс и Ди Рис („Мадбоаунд“).

За најдобра монтажа номинирани се „Блејд Ранер 2049“, „Најтемниот час“, „Данкирк“, „Мадбаунд“ и „Обликот на водата“, додека за најдобра костимографија „Убавицата и ѕверот“, „Најтемниот час“, „Фантом Тред“, „Обликот на водата“ и „Викторија и Абдул“.

Во категоријата за визуелни ефекти за Оскарот се борат „Блејд Ранер 2049“, „Чувари на галаксијата 2“, „Конг: Островот на черепите“, „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ и „Планета на мајмуните: Војна“.

За Оскарот за костимографија ќе се борат „Најтемниот час“, „Убавицата и ѕверот“, „Фантом Тред“, „Обликот на водата“ и „Викторија и Абдул“, додека за најдобра сценографија се „Убавицата и ѕверот“, „Блејд Ранер 2049“, „Најтемниот час“, „Данкирк“ и „Обликот на водата“.

Во категоријата за документарци номинирани се „Abacus: Small Enough to Jail“, „Faces Places“, „Icarus“, „Last Men in Aleppo“ и „Strong Island“.

Доделувањето на оскарите е закажано за 4. март, а исто како и минатата година ќе го води Џими Кимел.

Би можело да ве интересира

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар