„Песинџер Шајнинг“ е нова мода на социјалните мрежи која станува се попиларна, а целта е да ги омаловажи лицата кои во авионите во текот на патувањето не им е грижа за сопатниците, туку се однесуваат како „дивјаци“.
На страници на Инстаграм и Фејсбук под тоа име, што ги иницираше поранешната стјуардеса Шан Кетлин, се објавени дегутантни фотографии снимени во текот летот.
Меѓу другото, фотографиите покажуваат патници во неверојатни пози, кои често вклучува високо кренати нозе, голотија, полови односи, неуредни и исповратени седишта и нечисти тоалети.
Кетлин вели дека секоја недела добива стотици фотографии од неред и неуредни патници што и ги испраќаат анонимни патници и членови на екипажи на авионите.