Обид на „Гугл“ за намалување на зависноста од смартфоните

Од:

Водечките технолошки компании почнаа да посветуваат поголемо внимание на влијанието што нивниот производ го имаат врз секојдневниот живот на потрошувачите.

Резултатите од една студија, финансирана од „Гугл“, поврзана со времето кое секој ден корисиците го минуваат пред екраните на паметните телефони, покажуваат дека без разлика на возраста, полот, религијата и етничката припадност, сите луѓе се соочуваат со истиот проблем.

Континуираниот пристап до социјалните мрежи и мобилните апликации создава постојано чувство на посветеност кон паметните телефони, што за возврат предизвикува несакан личен стрес и анксиозност.

Основната идеја на истражувањето било да се утврди колку луѓе се зависни од мобилните уреди и дали тоа влијае на нивниот живот.

„Гугл“ истакнува две главни образложенија за ситуацијата – „пристрасната природа“ на смартфоните и различните можности кои им ги нудат заедно со желбата за постојана поврзаност со саканите луѓе.

Единствено решение е да се ограничи времето минато со смартфоните во рака, со што се ублажуваат симптомите на стрес и се создава чувствуво на поголема слобода.

За таа цел „Гугл“ ја подготви функцијата „Дигитал Велбиинг“, чија цел е да се натераат луѓето да го намалат времето што го минуваат со смартфоните во рака.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска