Обама и семејството добиле најскапи подароци од Никола Саркози и Карла Бруни

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози и неговата сопруга Карла Бруни подариле најскапи подароци на семејството на американскиот претседател Барак Обама.

Подароците на Саркози и Бруни во текот на 2011 година за семејството Обама чинеле 41.000 долари.

carla_sarkozy09

Во документот на канцеларијата за протокол на Стејт департментот има широк дијапозон на подароци, од дизајнирани стапови за голф, чист кристал, до луксузни сапуни и парфеми. Меѓу подароците е и голема црна торба за голф „Ермес“, која чини 7.750 долари, две лампи од кристал и сребро – 5.500 долари, црна кожна чанта „Луј Витон“, стаклена скулптура на коњот на Александар Велики, како и една маица „Лакоста“.

Поголемиот број од подароците по манадатот на Обама ќе бидат сместени во Националната архива на САД. Подароците од другите лидери биле многу поумерени, така канадскиот премиер Стивен Харпер му подарил на Обама кошаркарска топка со автограмите на играчите од „Торонто Репторс“, дедека неговиот австралиски колега на подарок донел зелен Ајпод и маици од
австралиските рагби клубови.

Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон во 2011 година на подарок добила статуа на сребрен був вреден 3.400 долари, златник од 7.425 доалри и свилен шал од султанот на Оман, а од кинеската делегација добила бисери од 3.200 долари.

Најексклузивен подарок добила од Замбија дијамантски ѓердан од 7.834 долари.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Шмихал: Украинската влада го одобри потпишувањето на договорот меѓу Украина и САД

Горан Наумовски

„Економист“: Зеленски не планира да потпише економски договор со САД

Маск открива: САД ќе банкротираат

Америка ја поддржува пресудата против Додик

Горан Наумовски