Новото седиште на „Гугл“ во Лондон со градина, базен и трим патека

Од:

Две години откако од Бјарке Инглс и Томас Хетервик беше побарано да го дизајнираат новиот кампус на „Гугл“ во Лондон, компанијата поднесе барање за изградба на зграда, која ќе има градина, базен и патека за трчање на покривот.

Тоа ќе биде една од трите згради кои ќе го формираат кампусот за 7.000 вработени во „Гугл“.

Планирано е зградата да биде завршена во 2018 година и ќе биде прв целосн изграден објект на „Гугл“ надвор од САД.

Зградта ќе се наоѓа на замјиште со површина од 9.700 метри квадратни, а ќе има слаи за вежбање, велнес центар, соба за масажа, базен, четири кафулиња и градина на покривот во која ќе се одгледува се, од јагоди до цвеќиња.

Просториите ќе бидат поврзани со големи „дијагонални скали” кои ќе се протегат од првиот кат, па се до покривот.

– Ова подрачје е фасцинантен спој на разни типови на згради и простор. Навистина ја сакам оваа мешавина на масивни железнички станици, патишта, канали и друга инфраструктура. Под влијание на таа околина е и новата зграда на компанијата „Гугл”, рече дизајнерот на зградата Томас Хедервик.

Со цел подобрување на одржливоста, градежните планови предвидуваат простор за оставање на 686 велосипеди и само четири места за паркирање на автомобили, како и соларни плочи на покривот кои ќе создадат комбинирано годишно производство до 200 мегават часови струја.

– Нашите канцеларии и објектите играат клучна улога во обликувањето на културата на компанијата „Гугл“, што е една од причините поради која сме познати по тоа што сме меѓу најдобрите за работа во индустријата, рече директорот за недвижности и градежништво на „Гугл“, Џо Борет.

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска