Новогодишни претстави за деца во Универзална сала

Од:

Интерактивната и едукативна претстава „Има ли спас за Дедо Мраз?“ од денеска до 30 декември ќе се одржува во Универзалната сала во Скопје.

На сцената ќе настапат познати актери, Влатко Илиевски во улога на Дедо Мраз, Кире Печијарески во улога на наставникот, Мирјана Трпковска како секретарката и деца глумци од студиото на Магдалена Ризова-Черних. Претставата ќе биде илустрирана со веќе познати и новокомпонирани новогодишни музички нумери и балетската група Еурека.

Пред почетокот на претставите ќе биде промовирана и новата новогодишна химна „Среќна Нова Година“, авторско дела на композиторот Љупчо Мирковски.

Термините на одржување на организираните претстави се во 11, 13 и 19 часот. Претставата трае 50 минути. Билетите се во продажба на билетарата на Универзалната сала, сите Тинекс маркети и Купи Карти За Се (www.kupikartizase.com). Организацијата на претставите е помогната од агенцијата Три Стар од Скопје.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“