Новогодишни подароци: Дали да им овозможите на децата се што ќе посакаат?

Од:

Новогодишните празници се волшебно време од годината, кое го минуваме со своите сакани, а секако за децата особена убавина претставува исчекувањето на подароците и новогодишните пакетчиња.

Некое во градинка, некое дома, секое дете му напишало писмо на Дедо Мраз со неговите желби. За жал празниците денес се комерцијализирани и децата се под влијание на рекламите, но и нивната околина. Родителите се растргнати меѓу потребата на детето да му ги исполнат сите желби, иако материјалната состојба не им е баш воодушевувачка. Сепак дури и доколку сте во состојба да го исполните сето она што детето го посакува, тоа во никој случај не би требало да го сторите.

Децата понекогаш треба нешто само да посакаат. Доколку им ја исполнувате секоја нивна желба, апетитот само ќе им се зголеми. Кога ќе пораснат нема да ја сфатат реалната вредност на парите. Доколку ги навикнете децата да им купувате се од листата, празниците ќе го загубат своето вистинско значење, а отворањето на подароците ќе се претвори во чисто „пребројување инвентар“.

Децата можат многу поголема корист да имаат од времето поминато со среќни родители. Затоа на вас е од мали нозе да ги научите децата дека смислата на празниците не е само во добивање подароци, туку и во дарувањето.

На пример, вклучете ги децата во празничните активности, како што се украсување на куќата, елката, прозорите, подготвување на празничната трпеза. Можете заедно да направите честитки и божиќни подароци за блиски луѓе. Искористете го заедничкото време за да ја почувствувате новогодишната еуфорија во вашиот град, погледнете некој филм на тема поврзана со новогодишните празници. Раскажете му на детето како некогаш се празнувале овие празници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ