Новогодишна програма на плоштадот„Магнолија“ во Битола

Од:

Општина Битола почна со реализација на новогодишната програма која според востановената традиција се одржува на плоштадот „Магнолија“.

Според програмата, претпладнево за најмладите битолчани има детски музички блок „Распеан зимски распуст“, музичко-поетски блок „Новогодишен вознес“, две театарски претстави за деца „Во шумата“ во изведба на Куклен театар и „Дедо Мраз и Феферона“ во изведба на драмското студио „Солза и смеа“, а во 14 часот ќе настапат рок групите „Мистер Блузман“, „Ретрибјушн“ и „ЗГ бенд“.

– Новогодишна програма ќе има и вечер кога на Широк Сокак ќе настапи мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“-Битола. Утре, исто така, ќе има целодневна програма за сите генерации. Во претпладневниот дел на програмата се детски театарски претстави и музички блокови од битолските детски фестивали, а во вечерната програма што ќе почне во 20 часот со настапи на „Х-бенд“, Сефедин Бајрамов, Борче Наумовски, Сашко Савевски, групите „Паркети“ и „Памперс“, потоа Виктор Апостоловски, Стефанија Милевска и пред полноќ овогодинашните музички ѕвезди Даниел Кајмакоски и Наум Петрески, информираа од секторот за односи со јавност на општина Битола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ