Нова „жива Барби“: Живее како кукла уште од раѓање

Од:

Досегашна главна „жива Барби“, Валерија Лукајанова, има сериозна конкуренција.

Станува збор за Анжелика Кенова од Москва, која има 26 години и тврди дека „живее како кукла од раѓање“. Нејзините родители, со кои се уште живее, и се суперконтролори, кои се грижат за нејзиниот изглед, одредувајќи и што ќе јаде и како ќе вежба за да ја одржува својата фигура.

– Родителите ме пораснаа како принцеза и никогаш не ме пуштаа надвор, не ми дозволуваа да имам момчиња или да стекнам вообичаени искуства за возрасни. Како резултат на тоа, јас не сум подготвена за реалниот живот. Јас навистина живеам како жива кукла, изјави Кенова за „Дејли Меил“.

Нејзините родители уште од раѓање ја облекувале како куклата Барби, а сега конечно и дозволиле да излегува со момчиња, но само ако и мајка оди со неа.

Сепак, од друга страна, целосно бизарно, родителите и дозволуваат редовно да позира полугола.

– Мајка ми и татко ми не сакаат да се иселам од дома. Не смеам ни облека да купувам без мама, таа сака да ги одбира комбинациите кои и прилегаат на мојата фигура и ги потенцираат моите атрибути. Освен тоа, таа доаѓа со мене и на состаноци. Морам да резервирам маса за тројца за да може да седне заедно со мене и мојот пријател на истата маса. Затоа никогаш и немав вистинско момче. Сите што ги знам за жал ми се само пријатели, вели Кенова.

Анжелика нагласува дека освен што е модел, таа е и детски психолог и балерина, а тврди и дека немала ниту една пластична операција. – Големи зафатит им се потребни само на луѓе кои имаат сериозни недостатоци на своето лице или телото, вели таа.

Кенова раскажа и дека нејзините родители многу сакаат таа да успее како модел и горди се на нејзините предизвикувачки фотографии.

– Уште како дете родителите ме облекуваа како Барби и мило ми е што сега ме споредуваат со неа. Таа е идол на девојчињата во светот. Родителите секогаш ме викаа Принцеза. Секогаш ми купуваа најубави играчки. Одев во најдобри училишта и ме заштитуваа од сите проблеми. Може да се каже дека ми посветуваа преголемо внимание. Не смеев да направам ништо без нивна согласност, раскажува таа.

Зборувајќи за иднината, руската Барби вели дека еден ден би сакала да биде зајачица на „Плејбој“. Сепак, нема намера наскоро да се пресели од родителскиот дом.

– Со оглед на тоа колку сум стара, треба да бидам независна, но моите родители инсистираат се уште да живеам со нив. Јасно ми е дека е лошо што мајка ми доаѓа со мене на моите средби со момчињата што ги знам и дека треба да бидам независна, но едноставно не можам. Навистина го сакам моето семејство и не сакам да ги вознемирувам. Ако некогаш одлучам да живеам сама или да направам нешто против нивна волја, тоа би било скандал, вели таа.

Сепак се надева дека еден ден ќе го најде својот принц и дека тој ќе им се допадне на родителите. – Чекам вистинска голема љубов. Не ми се допаѓаат момчиња кои ми ласкаат со слатки зборови. Сакам брутални мажи чии очи покажуваат сила и гордост. Исто така, не сакам суетни типови кои се опседнати со нивниот изглед, тоа е многу одбивно. Мојот иден сопруг ќе биде силно концетриран на кариерата, порача таа.

– Моите родители ме чуваа под стаклено ѕвоно цел живот, но се надевам дека еден ден ќе успеам да се ослободам. Никогаш не е предоцна да се почне независен живот, вели Кенова на крајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ