Нова колекција по повод 60-от роденден на Барби

Од:

Познатата кукла Барбика денеска го „прославува“ 60-от роденден, а по тој повод ќе биде претставена нова колекција инспирирана од познати личности кои на многумина им се пример во животот, како и од професии каде жените и натаму се помалку застапени.

Барбика првпат се појави на 9 март 1959 година на саемот за играчки во Германија.

Нејзиниот производител, компанијата „Мател“, по повод 60 години од постоењето, направи 20 нови верзии на кукли, меѓу кои и такви кои се креирани во чест на јапонската тенисерка Наоми Осака и британскиот модел и активистка Адвое Абоа.

Компанијата, исто така, ќе пушти во продажба и шест кукли кои ги претставуваат кариерите на астронаути, пилоти, спортисти, новинари, политичари и пожарникари, односно професии во кои, според „Мател“, жените и натаму не се доволно застапени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Претседателката на Косово се спореди со холивудската барбика: „Оваа Барби е претседател“

ВИДЕО: „Барби“ заработи над милијарда долари за три седмици

Филмски хит – а задоволно ги трие рацете и производителот на познатите кукли

Дали се е во ред со Нејмар? Пристигна на премиерата на филмот Барби облечен како жена

Предраг Петровиќ

Барби-астронаутка испратена во Вселената

Ана Ололовска

Барби го слави 60-от роденден

Ана Ололовска