Нова формула за совршена жена

Од:

Последното истражување спроведено во Велика Британија имаше цел да ги пронајде карактеристиките кои треба да ги има една идеална жена, се разбира од машка гледна точка.

Некои можеби веднаш би помислиле дека тоа е комбиниција од убавина, добра душа, способност да го одржува својот дом чист, добро да готви, да ги сака и почитува вашите родители, да не ви „мрчи“ кога гледате спортски натпревар или сте си дозволиле некоја „пијанка“ со пријателите, но науката сепак, не се согласува со тоа. Реалната слика за совршената жена во 21. век е променета.

Најпосакуваните „квалитети“ кои ги бараат мажите, според ова истражување се: високиот сексуален нагон комбиниран со добар задник и висока плата.

Спротивно од досега вкоренетите верувања, голем број на момчиња признаваат дека не би имале ништо против девојката да заработува многу повеќе од нив, почесто да мисли на секс од нив и да изгледа подобро од нив.

Многумина дури и без срам признаваат дека нема да им пречи ако девојка им ги издржува, односно доколку таа доволно заработува за двајцата, тие веднаш би го напуштиле работното место, затоа што се мрзеливи, т.е. познато е дека тие по природа се мрзеливи.

„Мојата идеална девојка треба да биде воодушевувачки убава, подносливо глупава и одлична во кревет“ – напишал еден од испитаниците.

Сепак, малкумина, ама се уште има и такви на кои физичкиот изглед не им е на прво место, па за нив најважни се образованието на девојката, едноставноста и смислата за хумор.

Модерното време направи младите мажи да имаат големо разбирање за градењето на кариера на жените и сон им е да поседуваат успешни жени. За нив воопшто не е апсурден фактот дека една успешна бизнисменка би можела да биде во исто време и посветена на семејството и добра мајка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он