Нов портал на Гугл со уставите од цел свет

Од:

Најголемиот интернет пребарувач Гугл вчера во Њујорк го претстави својот нов портал, кој ги содржи уставите на земјите од целиот свет, со цел во најголема мерка да им помогне на државите во политичка транзиција.

– Сакавме онлајн да ги собереме сите устави во светот, за да им бидат достапни на сите и корисни за владите во уставен процес, изјави директорот на сектор во Гугл, Џаред Коен, претставувајќи ја интернет страницата www.constituteproject.org во Њујорк, каде оваа недела се одржува Генералното собрание на ОН.

Оваа иницијатива, која ја поддржа универзитетската програма од САД и Велика Британија како „Проект за споредба на устави“, овозможува пристап до сите устави кои стапиле во сила до овој месец, и тоа од сите држави во светот.

Порталот нуди 350 теми, со цел да се олесни споредувањето на некои прашања, како на пример правата на малцинствата или финансирањето на изборни кампањи.

Во втората етапа, Гугл планира порталот да биде достапен на сите шест јазици во ОН (англиски, француски, шпански, руски, арапски и кинески).

Една од целта на порталот е да им го олесни составувањето на устави на земјите кои излегуваат од политичка криза или вооружен конфликт. 

Би можело да ве интересира

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус

Ана Ололовска

Мексико го казни Гугл со речиси 240 милиони долари

Ана Ололовска

Гугл го блокираше каналот Дума ТВ на Јутјуб

Ана Ололовска

Германските медиуми незадоволни од понудата на Гугл за користење на содржините

Ана Ололовска

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

САД го тужат Гугл за следење без дозвола од корисниците

Ана Ололовска