Пред скоро 150 години во Њујорк започнале да се доселуваат првите имигранти. Градот е денеска непрепознатлив ако го споредуваме со сликите снимени 1876-та година.
Се што останало исто, е Бруклинскиот мост. Промените можат да се забележат на фотографиите снимени 1876, 1932, 1988 i 2013.
Најголемата зграда на почетокот била црквената кула во близина на Трибејк.
Во наредните 60 години во градот почнале да „никнуваат“ голем број облакодери, вклучувајќи ја и Емпаер Стејт Билдинг, која во 1931-та година била највисоката зграда на светот.
Веднаш позади овој гигант се наоѓа Крајслеровата зграда, која на Менхетн е изградена во 1930-та година.
На фотографиите можат да се забележат и кулите близначки (Светскиот трговски центар), кои изгледаат значително повисоко од останатите облакодери, додека на последната фотографија може да се забележи нивното отсуство.
На нивното место е кулата на слободата која го одбележува нападот во Њујорк на 11-ти септември.