Њујорк е познат како град на гигантски солитери, но новиот кој треба да биде изграден на Парк авенија ќе биде највисоката станбена зграда на северната хемисфера.
Зградата ќе има свој базен, сауна, фитнес центар. Исто така ќе има и деловни простори и апартмани за гости.
Доколку сакате да уживате во погледот на градот со свој балкон, мора да исплатите неверојатна сума од 20 милиони долари за трисобен стан со мал балкон и библиотека. Пентхаус ќе ве чини дури 85 милиони долари.
Сепак се верува дека веќе една третина од 123-те станови се продадени, а завршувањето на работите е планирано за 2015 година.
Емпајр Стејт Билдинг со антената е висока 443 метри, но без неа 381 метар, што значи дека новата зграда на Парк авенија со своите 425 метри ќе биде повисока.