Ништо не им е свето: Папата го тужеше „Титаник“ за навреда

Од:

Иако папата Бенедикт Шеснаесетти верува дека ексклузивно право да дели правда има Севишниот, сепак тоа очигледно се однесува за небото, а за споделување на правдата на земјата им се обрати на судовите.

Тој одлучи да го тужи германскиот сатиричен весник „Титаник“ затоа што го објавија на во нивниот весник со дамки по неговота света облека, но и со двосмилени натписи над нив.

Поточно, на насловната страница во весникот папата е прикажан со една поголема жолта дамка на облеката во пределот на гениталиите, со напис „Алилуја во Ватикан. Конечно се откри од каде протече“. На последната страница пак, е прикажан повторно папата со свртен грб, а овој пат насловот сугерира дека е пронајдено уште едно место од каде протекло.

„Титаник“ со својата фотомонтажа сакал да го покаже на смешен начин разрешувањето на случајот Вателикс, но ова на папата не ми било баш забавно.

Матиас Коп, портпарол на германската бискупска канцеларија, потврди дека во име на папата е ангажирана адвокатска фирма која ќе го тужи „Титаник“. Според нив „првата и последна страница на весникот им штетат на правата и достоинството на Папата. Титаник ги надминал сите граници на добриот вкус”.

Поради тоа, судот во Хамбург вчера издаде привремена забрана за излегување на списанието, негова дистрибуција како и забрана да објавува на нивниот веб сајт.

Главниот уредник на „Титаник “, Лео Фишер ги отфрли сите наводите на Ватикан, велејќи дека сликата не ги изобличува личните права на папата.

„Бенедикт тоа погрешно го има сфатено. Насловот и сликата едноставно ја покажуваат радоста на Папата поради разрешување на скандалот Вателикс. Тој самиот случајно ја истурил чашата со газиран сок. Сите знаат дека папата е голем обожавател на Фанта“, рече Фишер.

Тој го изрази своето големо разочарување поради одлуката на судот во Хамбург, велејќи дека хуморот во Германија е се повеќе смешен и дека е подготвен за долгата правна битка.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум