Брус Диксон, кој има 19 години, околу својот врат носи приврзок во облик на клуч, кој се вклопува во облик на срце со вториот дел од приврзокот што го носи неговиот татко.
Брус е невин, никогаш не бакнал девојка, а срцето подарок од татко му тоа и го симболизира.
„Јас не сум како останатите момчиња. Никогаш не сум бакнал девојка во животот“, вели Брус и додава: „Клучот го симболизира ветувањето на мојата идна жена. Татко ми сега има дел од моето срце, и го чува за мојата идна жена. Кога ќе стапам во брак, тој ќе и даде нејзе вториот дел од моето срце, а јас ќе го имам клучот од нејзиното.