Незамисливи желби на богаташите

Од:

Милионите во банка не се причина и оправдување за чудните и ексцентрични работи кои ги прават луѓето.

„Грофот“ Скарпа сака своето Бентли да го вози и во задгробниот живот

Бразилскиот милионер и плејбој „гроф“ Чикињо Скарпа (64) откако изгледал документарен филм за фараоните, кои биле погребувани со својот имот за да им се најде во задгрбниот живот одлучил да го закопа своето омилено Бентли Континентал Флајинг Спар од 400.000 долари. Тој сака и на оној свет да вози луксузен автомобил и затоа возилото го закопал пред својата вила во Сао Паоло.

Бејзбол играч има милиони, а живее во комбе од 1978 година

Даниел Давид Норис (21) еден од најперспективните млади играчи на бејзбол и покрај милионскиот договор живее во половно комбе Фолксваген од 1978 година. Често со комбето оди на плажа или на планина. Обожава сурфање и фотографија, а мрази да гледа телевизија.

Арон Леви вози автомобил стар шест години, а има 100 милиони долари

Арон Леви (29) е основач на „Бокс“ (Box), компанија која пружа услуги за собирање на податоци на едно место. Неговото богатство се проценува на 100 милиони долари.

– Воопшто не сум фокусиран на парите и на престижот. За мене нема ништо повозбудливо од создавање на добри производи. Тоа ме придвижува. И понатаму сакам шпагети, можам постојано да ги јадам. Во луксузните ресторани јадам само кога тоа од мене го бараат клиентите, истакнува Леви, кој договорите често ги склучува во „Мекдоналдс“.

Австралијанец гради реплика на Титаник и на Паркот Јура

Ексцентричниот милијардер Клајв Палмер (61) поседува огромно богатство кое се проценува на четири милијарди долари. Неговиот сон е да изгради парк со гигантски диносауруси-роботи. Пред 1,5 година успеа да отвори „Палмасаурус“ со 165 диносауруси. Потоа сакаше совршена реплика на бродот Титаник, кој треба да исплови во 2016 година

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ