Непалката Чурим Шерпа за еден месец два пати го освоила Монт Еверест

Од:

Непалката Чурим Шерпа  извела неверојатен потфат освојувајќи го Монт Еверест два пати за само единаесет дена, со што го соборила Гинисовиот рекорд.

Шерпа (29) е прогласена за хероина бидејќи во ист месец два пати го освоила највисокиот врв на светот.

Заради потфатот таа доби и Гинисов сертификат што и го врачи министерот за туризам на Непал, Поста Бахадур Богати.

Чурим прв пат го освоила врвот на 12 мај минатата година, а потоа се вратила во кампот за одмор. Меѓутоа, повикот на планината во неа ја пробудил желбата повторно да се врати, и тоа само една недела подоцна.

Првата Непалка која го освоила врвот била 32-годишната Пасанг Ламу во 1993 година, но при враќањето таа починала од премрзнување. Од тогаш 21 жена од овие краишта успеала да се качи на Монт Еверест, но Чурим е првата која  тоа го сторила два пати во една сезона.

Најголемиот предизвик за една жена на ваква нагорнина е тоа дека ја следи тим од машки шерпаси, изјави таа во Катманду на приемот на плакетата.

-Ми беше тешко, бидејќи таму нема тоалет. Ние петмината делевме шатор. Беше многу чудно, рече таа.

Монт Еверест е највисоката планина во светот, висока 8.848 метри, што е дел од планинскиот венец Хималаји.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ