Нема надеж актерот Том Сајзмор да закрепне

Од:

Семејството на Том Сајзмор, кој пред десетина дена беше хоспитализиран поради аневризма на мозокот, соопшти дека нема надеж актерот да закрепне.

Семејството потврди дека наскоро ќе треба да донесат одлука за исклучување од уредот. Том Сајзмор (61) од 18 февруари е во кома на одделот за интензивна нега на медицинскиот центар Провиденс Сент Џозеф во Лос Анџелес.

„Денеска лекарите го информираа неговото семејство дека нема повеќе надеж и му препорачаа одлука да стави крај на неговиот живот. Семејството сега одлучува за ова, а следното соопштение ќе биде објавено утре“, изјави портпаролот на актерот, Чарлс Лаго за Гардијан и додаде:

„Бараме приватност за неговото семејство во овој тежок период. Семејството сака да им се заблагодари на стотиците пораки за поддршка и молитви што ги добија. Ова беше тешко време за нив“.

Том Сајзмор, кој играше во бројни хит филмови како „Спасување на војникот Рајан“, „Жештина“ и „Блек Хок Даун“, беше пронајден во несвест во својот дом во Лос Анџелес, два часа по полноќ, откако колабирал поради мозочен удар.

Би можело да ве интересира

Актерот Гудман се повреди за време на снимањето на најновиот филм

Почина актерот на Велешкиот театар Самоил Стојановски

Џин Хекман и неговата сопруга се пронајдени мртви покрај нивното куче

Горан Наумовски

Уапсен познат актер: Макор со бандата заработиле повеќе од 700.000 евра

Актер од серијата „Луд, збунет, нормален“ е осуден на една година затвор за сексуално вознемирување малолетник

Актерот Мекдауел e уапсен поради вмешаност во убиство