Продуцентот на популарната серија Симпсониви Ал Џин изјави дека крајот на серијата не е ниту на повидок и порача да престанат предвидувањата уште колку долго ќе трае, пренесува Дигитал Спај.
– Рејтингот на серијата е многу добар, нагласи Џин, додавајќи дека очекува таа да се прикажува и следните две, четири или повеќе години.
И јас престанав да предвидувам, бидејќи серијата се прикажува подолго од очекувањата, изјави тој.
Според Џин може да се случи да направат и друг филм за познатото анимирано семејство, но дека за тоа се уште не постојат конкретни планови.
– Никој не сака лош филм, изјави тој, додавајќи дека идеи имата, но дека се уште не е ништо прецизирано.
Серијата Симпсонови за првпат е прикажана на Фокс во 1980 година, а моментално во САД се прикажува 26-тата сезона.