Неколку интересни факти за Дедо Мраз

Од:

Вреќата на Дедо Мраз веќе е наполнета со подароци, а елените едвај чекаат да полетаат со својата кочија.

И додека го чекаме пристигнувањето на старецот со црвен костим и бела брада, британски „Дејли Експрес” не потсетува на неколку занимливости за овој светски феномен…

– До 16. век, Санта Клаус (Свети Никола) не се поистоветувал со Дедо Мраз;

– Изедначувањето на Дедо Мраз со Санта Клаус почнува со холандските приказни за Синтерклас (што значи Свети Никола). Холанѓаните на 6 декември го одбележуваат денот на светецот и си разменуваат божиќни подароци;

– Дедо Мраз се појавува во народните средновековни бајки за делење подароци за време на Божик;

– Најстариот познат запис на називот Дедо Мраз на англиски е од 1773 година и потекнува од Америка;

– Првото училиште за Дедо Мразовци во светот е отворено во 1937, од страна на Чарлс Хауард во американската сојузна држава Мичиген.

– Во 2013, премиерот на Гренланд го прогласи Нелсон Мендела за Дедо Мраз на годината;

– Во првите илустрации, дарежливиот старец е облечен во зелено;

– Својот црвен костим Дедо Мраз го добива во 1931, благодарение на рекламите на „Кока Кола“;

– Современата асоцијација на добродушниот старец, кој доаѓа со летечка кочија и елени, и кој се спушта низ оџаците, се должи на поема на Клемент Кларк Мур напишана во 1823 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ