Нејмар домаќин на петдневна забава со 500 лица

Од:

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Нејмар организира масовна петдневна забава во Бразил. Дваесет и осумгодишниот Бразилец покани 500 луѓе на приватната журка до Нова година, и покрај пандемијата на коронавирусот, обелодени „О Глобо“.

Настанот почна на 26 декември во општината Мангаратиба, Рио де Жанеиро, во домот на фудбалер.

Нејмар направи звучна изолација во куќата за да не ги вознемирува соседите. Забавата ќе се одржи во подземна дискотека, изградена по примерот на оние на плажата „Барселонета“, каде што беше и самиот Нејмар, кога играше за Барселона. Има подиум за танцување, барови, диџејска сцена, соба за игри и просторија за видеоигри.

За да спречи протекување на информации за забавата на социјалните мрежи и медиумите, Нејмар воведе забрана за употреба на мобилни телефони за гости.

Напаѓачот изнајмил и соседна куќа за околу 5.000 евра, како и бенд да свири на забавата.

Списокот на гости е непознат, но на забавата дефинитивно ќе присуствува сестрата на Нејмар, Рафаела Сантос, која секогаш е на настаните на нејзиниот брат.

Ваквото однесување на Нејмар разбесни многумина во Бразил, играчот беше критикуван.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ