„Не сум изненаден“: Том Хенкс за прв пат за мемоарите на неговата ќерка, во кои таа опиша тешкото детство

Од:

Том Хенкс за прв пат проговори за мемоарите на неговата ќерка Елизабет Хенкс „The 10: A Memoir of Family and the Open Road“ , во кои е детализирано нејзиното тешко детство.

„Не сум изненаден што мојата ќерка имаше и храброст и љубопитност да се соочи со нешто за што таа пишуваше со неверојатна искреност“, изјави тој за Access Hollywood, додавајќи дека неговата ќерка е многу храбра.

Хенкс ја доби ќерката Елизабет, и синот Колин, со Саманта Лус, со која беше во брак пред бракот со Рита Вилсон.

По разводот, судот ги додели децата на нивната мајка, која наскоро се пресели со нив од Лос Анџелес во Сакраменто.

Сепак, поради лошите услови за живот и занемарувањето на децата, тие на крајот отидоа кај својот татко, а сега Елизабет откри каков бил нивниот живот со нивната мајка. Преселбата, како и нивниот начин на живот, го шокираа Том, кој редовно ги посетуваше децата.

„Татко ми дојде да нè земе од училиште, а нè нема. Се испостави дека нè нема веќе две недели, па мора да нè најде“, напиша Е.А. во извадок од нејзината книга, објави „Пипл“.

Во својот втор брак, Том ги има синовите Чет и Труман, а неговата нова сопруга ги прифати неговите постари деца.

„На крајот, беше постигнат договор за развод, па ги посетував татко ми и маќеата (а наскоро и моите помлади полубраќа) за време на викендите и во текот на летото“, продолжи таа и додаде:

„Сепак, од петгодишна возраст до четиринаесетгодишна возраст, години исполнети со конфузија, насилство, желба и љубов, јас бев девојче од Сакраменто.“

„Бела куќа со столбови, двор со базен и соба покриена со слики од коњи. Со текот на годините, дворот стана толку полн со кучешки измет што беше невозможно да се оди по него“, се присети таа, додавајќи дека целата куќа мирисала на чад.

Лошото ментално здравје на нејзината мајка довело и до физичка конфронтација.

„Фрижидерот често беше празен или полн со расипана храна, а мајка ми поминуваше сè повеќе време во големиот кревет со четири столба, прелистувајќи ја Библијата“, напиша таа, додавајќи дека ноќите ги поминувала слушајќи ги морничавите вресоци на нејзината мајка додека разговарала со Бога.

„Една ноќ, нејзиното емоционално насилство станало физичко“, додаде таа.

Кон крајот на основното училиште, Том успеал да го добие старателството над децата и тие се вратиле во Лос Анџелес. Саманта се јавила на крајот од разводот за да ѝ каже дека умира.

Починала во 2002 година на 49-годишна возраст од рак на коските.

Би можело да ве интересира

Манипулација на Евровизискиот натпревар? Европратеници бараат да се објават сите податоци од гласањето

Предраг Петровиќ

Северина се нафрли на сопругата на Жељко Јоксимовиќ: Гадура

Предраг Петровиќ

Зголемен број на НЛО пријави во САД во 2025 година

Агнеса Органџиева

ВИДЕО: Дали Брижит го удри Макрон.. Скандал ја тресе Франција

Предраг Петровиќ

Три први места, 2 втори и 2 трети…Кузмановци во Италија апсолутни победници

Хаос во авионот: Бритни Спирс пушела и пиела за време на летот, ја пречекала полиција