Наоми Кемпбел стана мајка, неколку дена пред својот 51. роденден

Од:

Наоми Кемпбел на Инстаграм објави дека станала мајка на девојче, првото дете на славната манекенка, а објавата ја проследи со фотографија од нејзината рака која ги држи нозете на бебето.

„Еден прекрасен мал благослов ме одбра мене да ѝ бидам мајка. Многу сум почестена што ја имам оваа нежна душа во мојот живот и не постојат зборови со кои би ја опишала оваа доживотна врска која сега ја имам со тебе, ангелу мој. Не постои поголема љубов од оваа“, напиша славната манекенка.

Засега не се знае ништо повеќе за бебето на топ моделот, која за четири дена ќе наполни 51 година.

Би можело да ве интересира

Девојче е првото бебе во Куманово

„Зедовме дома погрешно бебе, а дознавме пет години подоцна“

А1он

Тело на бебе е пронајдено во канта, осомничена е мајката, велат австриските истражители

Бебе паднало од четврти кат, животот му го спасил случаен минувач

А1он

Од сепса починало бебе на Детската клиника во Скопје

А1он

Се роди првото бебе во Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев