Наместо силикон користела суперлепило и цемент

Од:

Онил Морис, Американка која лажно се претставувала како естетски хирург, на жртвите на измама им вбризгувала супстанца во која имало лепило за плочки, суперлепило, вулканизерско лепило, цемент и минерално масло.

Лажната лекарка. која се занимавала со естеска хирургија. е уапсена на јужниот дел на Флорида и обвинета е за смрт на една жена, која, како што тврди полицијата, починала кога за време на операцијата за зголемување на задникот и била вбризгана непозната супстанца.

Шатарка Нубај, 31-годишна мајка, и платила на жената по име Онил Морис, позната како „Војвотка“, неколку стотици долари да и дојде дома и да и вбризга во задникот, бутините и градите засега неидентификувана супстанца.

„Војвотката“ раните од инекциите ги затворала со суперлепак, изјавија денеска помошниците на шерифот на округот Брауард.

Нубај им се доверила на пријателите дека местата каде и биле ставени инекциите и станале тврди и жешки, а кожата и поцрнела.

Пред смртта во март оваа година таа го информирала Министерството за здравство за тоа што и се случило.

Како што е соопштено од канцеларијата на шерифот во Брауард, утврдено е дека Нубај претрпела „голема, системска миграција на силикон“ како последица на вбризгувањето.

Властите на Флорида наведуваат дека Нубај е една од жртвите на „експертизата“ на Онил Морис (32), која на терен понекогаш одела облечена во лекарска униформа со стетоскоп.

Некои од жртвите, чиј број не е соопштен, доживеале компликации бидејќи „Војвотката“ во телото им вбризгувала супстанца во која, покрај другото, имало лепило за плочки, суперлепило, вулканизерско лепило за гуми, цемент и минерално масло, нагласија помошниците на шерифот.

Онис Морис уапсена е вчера во станот на својата мајка во јужниот дел на Флорида. Обвинета е за убиство, а нејзиниот адвокат одби тоа да го коментира.

Морис, за која полицијата тврди дека е родена како машко а се претставува како жена, била уапсена и минатата есен и тогаш е обвинета дека се занимавала со медицина без дозвола и при тоа предизвикала сериозна телесна повреда.

Пред тоа апсење, по неа се трагало речиси една година. Како што наведува полицијата, една жена која барала работа во ноќен клуб и подобра фигура на телото и платила на „Војвотката“ во 2010 година 700 долари за да ја разубави. На неа, исто така, во задницата и вбризгала отровни хемикалии, а зафатот бил многу болен.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум