Највисоката тинејџерка на светот ја најде среќата во 40 см пониското момче

Од:

 Бразилката Елисани де Круз Силва (17) висока дури 203 сантиметри се вљубила во момче, кое е 40 сантиметри пониско од неа. Тие велат дека разликата во висината воопшто не им пречи.

Таа е највисоката тинејџерка на светот и досега во животот поради нејзината висина наидуваше на бројни проблеми, најпосле ја пронајде среќата.

И тоа во 22-годишниот Франчиналд де Силви Карвал, кој е понизок од неа 40 сантиметри. Вљубената двојка рече дека разликата во висината воопшто не влијае на нивниот однос.

– Ме привлече неговата посебност и начин на кој се однесува према луѓето, но и кон мене. Единствено проблем е тоа што кога излегуваме надвор и се држиме за раце изгледа како тој да ми е помлад брат или син, рече 17-годишната Бразилка

Слично размислува и нејзиниото пет години постаро момче.

– Висока е, но има неверојатно убаво лице. Не ми пречи нејзината висина и воопшто не ме интересира што другите луѓе мислат, вели тој.

Девојката, инаку, има гигантизам поради тумор на хипофизата која влијае на нејзиниот раст, а кој лекарите дури неодамна го откриле.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Познатата пејачка се онесвести на сцената додека настапуваше

А1он

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ