Белизе иако е мала тропска држава во Централна Америка може да се пофали со најубавиот остров на светот, бидејќи туристите го ставија Амбергрис Каје на врвот на листата најубави острови.
Амбергрис Каје е гордост на Белизе, држава која е позната по вториот по големина корален гребен на светот, веднаш по австралискиот, пишува весникот „Гардијан“.
Според гласовите на посетителите на сајтот TripAdvisor карипските земји имаат најубави острови, бидејќи на второ место се најде Сент Џон, кој им припаѓа на Девствените Острови, додека на трето место е познатиот Бора Бора.
Кога е во прашање стариот континент, првото место го зазеде грчкиот остров Санторини, кој воедно е и единствен европски остров меѓу десетте најубави на светот.
Грција без конкуренција е европска земја со најубави острови, бидејќи освен на Санторини на европската листа се наоѓаат и Кефалонија, Наксос и Закинтос.
Следува листата на десетте најубави острови на светот:
1. Амбергрис Каје, Белизе
2. Сент Џон, Девствени Острови
3. Бора Бора, Француска Полинезија
4. Сан Хуан, САД
5. Санторини, Грција
6. Островот На Жените, Мексико
7. Мореа, Француска Полинезија
8. Ко Тао, Тајланд
9. Велигденските Острови, Чиле
10. Носи Бе, Мадагаскар
Листа на најубави европски острови:
1. Санторини, Грција
2. Кефалонија, Грција
3. Капри, Италија
4. Наксос, Грција
5. Мејнланд, Шкотска
6. Гоцо, Малта
7. Закинтос, Грција
8. Џерзи, Велика Британија
9. Скај, Шкотска
10. Фуертевентура, Шпанија.