Австралиецот Алфи Дејт, не само што е најстар жител на Австралија, туку тој е и голем љубител на плетењето и пингвините.
Имено, овој 109-годишен жител на австралиската сојузна држава Викторија, времето го минува плетејќи им џемпери на пингвините, жртви на нафтените дамки што ги оставаат бродовите.
Дејт бил поттикнат од програмата „Плети за природата“ на Фондацијата за заштита на пингвините од островот Филип, која има за цел да обезедува џемпери за рехабилитација на загрозените птици.
Дејт, кој има седум деца, 20 внуци и 20 правници, веднаш што слушнал за Програмата, ги земал иглите в раце и сплел неколку мали џемпери, што ги донирал на Фондацијата.
Осторовот Филип е дом на колонија од околу 32.000 пингвини. Во 2001 година околу 400 пингвини паднале во нафтена дамка, но речиси сите биле спасени блгадорејќи на џемперите на Фондацијата. Џемперите спречуваат труење и замрзнување на пингвитие чии пердуви се извалкани со нафта.