Сите знаеме дека на жителите на Берлин и на Париз им е проблем да бидат љубезни кон туристите, а еве како стојат работите со остатокот од светот.
Сајтот Trip Advisor собра 75 илјади одговори во анкетата во врска со најбезбедните, најчистите и најпријателските градови во светот.
На листата од 40 градови Берлин воопшто не се споменува, Њујорк е на 24 место, а Париз на 33-то.
Листа од десет најпријателски градови во светот:
10. Копенхаген
9. Амстердам
8. Пунта Кана
7. Бангкок
6. Дубровник
5. Кејптаун
4. Истанбул
3. Лисабон
2. Токио
1. Канкун
Најнепријателски градови во светот, според Trip Advisor се:
10. Мумбаи
9. Маракеш
8. Париз
7. Цирих
6. Брисел
5. Дубаи
4. Пекинг
3. Хонг Конг
2. Лондон
1. Москва