Најкраток лет во светот – од Торонто до Нијагара за 12 минути

Од:

Авиокомпанијата „Грејтер Торонто Ервејз“ од 15 септември воведува нова понуда во својата летечка програма – дванаесетминутен лет од аеродромот „Били Бишоп“ во Торонто, до аеродромот во Нијагара, на езерото Онтарио.

Сите патници кои од Торонто сакаат да ги посетат Нијагарините водопади во моментов на располагање ги имаат само двете опции – едночасовно возење со автомобил или патување со железница во траење од 90 минути.

Новиот лет ќе го намали траењето на патувањето на само 12 минути, иако компанијата на својот сајт во моментов го промовира како 15-минутно патување.

-Сакаме на луѓето да им обезбедиме подобра можност. Траењето на летот ќе биде драстично пократко во однос на возењето со автомобил или воз, изјави Дејвид Нисам, потпретседател на компанијата.
Билетот во еден правец ќе чини 85 канадски долари.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски