Најдобрата плажа на светот е…

Од:

Милиони патници, посетители на сајтот „Trip Advisor“ за најдобра плажа на светот за 2012 година ја избраа т.н. „Зајачка плажа“ на италијанскиот остров Лампедуза.

„Rabbit Beach“, плажа на која надоаѓаат водите на Средоземното Море е дел од Лампедуза, која официјално и припаѓа на Сицилија, иако ги дели нешто помалку од сто километри оддалеченост.

– Карипските бои, белите плажи и единственото опкружување. Кристално чистото море уште повеќе ве привлекува да останате тука засекогаш, пишува сајтот.

plaza-raj

Во изборот за најдобра плажа учествуваат повеќе милиони туристи, кои секојдневно го посетуваат овој сајт наменет за теми поврзани со патувањето. Сите тие гласале повеќе од 12 месеци со цел да ја состават листата на најдобри плажи на светот.

На второто место се најде плажата Заливот Грејс на островите Туркс и Кајкос, кои претставуваат дел од бахамскиот ланец во Атлантикот, под управа на Велика Британија.

Следи листата на десет најдобри плажи во светот:

1. Rabbit Beach, Лампедуза, Италија

2. Grace Bay, Провиденсијалес, Турк и Кајкос

3. Whiteheaven Beach, Квинсленд, Австралија

4. Baia do Sancho, Фернандо де Норонха, Бразил

5. Flamenco Beach, Кулебра, Порторико

6. Playa de las Catedrales, Рибадео, Шпанија

7. Lopes Mendes Beach, Ила Гранде, Бразил

8. Horseshoe Bay Beach, Саутхемптон Периш, Бермуди

9. Eagle Beach, Аруба

10 Rhossili Bay, Свонзи, Велс.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ