Хотел во кој ноќевањето чини 42 евра е прогласен за најдобар во конкуренција со околу 650 илјади ширум светот.
Сопствениците на „Lauriston Court“ в Северен Велс, Иан и Каролин Робинс ги третираат своите гости мошне добро, така што хотелот е прогласен за најдобар според изборот на читателите на најпопуларниот сајт за патувања, TripAdvisor.
Хотелот со 11 соби победи во конкуренцијата од 650 илјади хотели, а повеќе од 400 патни бил оценет со највисока оценка. Гостите биле воодушевени од вкусниот појадок, кој се подготвува по нарачка, преубавиот поглен кон море, забавата и пријателските совети.
Каролин, која е мајка на две деца и поранешна медицинска сестра вели: „Им кажувам на луѓето кои тука престојуваат дека без разлика кој е нивниот проблем, јас можам да го решам“.