Најавено ново продолжение на „Побеснетиот Макс“

Од:

Последното продолжение на култниот филм „Побеснетиот Макс“ во првите неколку дена на прикажување заработи 110 милиони долари, а интернет е преполн со воодушевени фанови и критичари, кои тврдат дека станува збор за еден од најдобрите акциски филмови во сите времиња.

Секако, таквиот успех најчесто значи само едно – дека следуваат продолженија.

Актерот Том Харди веќе најави дека е заинтересиран за продолжение, а и режисерот Џорџ Милер изјави дека во овој случај може да се работи за трилогија.

Милер се огласи и на Твитер, потврдувајќи дека ќе претстојат нови продолженија.

– Поздрав Твитер! Ви благодарам џа убавите зборови и за се што сте напишале за филмот. Се забавуваме на снимањето и ќе има уште, напиша тој.

Филмот би требало да се вика „Побеснетиот Макс: Во пустелија“, а Милер неодамна објави дека веќе има и подготвено сценарио за него.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ