Најавен римејк на „Сестри во акција“

Од:

Продуцентското студио „Дизни“ најави снимање на нова верзија на филмот „Сестри од акција“ од 1992 година, во кој главната улога ја толкуваше Вупи Голдберг.

Според „Холивуд репоретер“, извори во „Дизни“ изјавиле дека римејкот треба да даде „нов поглед“ на оригиналната верзија на филмот.

Сценариото на римејкот ќе го пишуваат Кирстен Смит и Карен Меккала, кои стојат зад филмовите „Русокоса од Харвард“ и „Десет причини зошто те мразам“. Продуцент на новите „Сестри во акции“ ќе биде Ели Шермир, чиј последен проект е хитот на „Дизни“, „Пепелашка“.

„Сестри во акција“ говори за една салонска пејачка (Вупи Голдберг) која се преправа во калуѓерка за да побегне од нејзиното момче мафијаш. Оваа комедија заработи 232 милиони долари, по што следната 1993 година беше снимен и нејзин втор дел. Во 2006 година беше изведена и премиерата на истоимениот мјузикл на Бродвеј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ