На жените виткоста им е поважна од љубовта

Од:

Припадничките на понежниот пол најмногу тагуваат поради вишокот килограми, додека љубовните проблеми не им предизвикуваат толку голема загриженост.

На жените идеалната линија им е поважна од емотивниот живот, покажа повеќе децениското германско истражување.

Просечната дама, повеќе од кој било маж, може да ја усреќи идеалната линија. Припадничките на понежниот пол најмногу тагуваат поради вишокот килограми, додека љубовните проблеми не им создаваат толку големи грижи.

Истражувањето траело 24 години и опфатило многу генерации и неколку илјади жени, а докажало дека витката линија е поттикнувач на женската среќа.

Медиумскиот притисок и форсирањето на идеалната фигура поприми толку големи размери, што влијае врз сите аспекти на животот.

– Дебелите жени речиси 24 часа мислат на својата тежина, а современото општество постојано ги мери големината, формата и привлечноста на телото, појаснува психологот Пем Спар.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Необични стандарди за женската убавина ширум Азија

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Третманите со пијавици се уште популарни во Русија

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Женската убавина пред 100 години

Ана Ололовска