На Запад забуна околу симболот на кинеската Нова година

Од:

Кинезите денеска ја испраќаат годината на коњот и влегуваат во годината на козата. Или овцаае? Можеби овенот? За оние кои кинескиот го преведуваат на мајчин јазик, би можело да се пополни цела Ноева арка, пишува „Њујорк Тајмс“ обидувајќи се да објасни како дошло до тоа.

Малкумина се оние Кинези кои се оптоваруваат дали во прашање е коза или овца, јави државната агенција Ксинхуа, наведувајќи дека за тоа има дебата на Запад.

Причината е тоа што станува збор за осмото животно во кинескиот зодијак, јанг на мандарински, а кој всушност се однесува на кое било животно од семејството шуплороги.

Без дополнителни појаснувања, јанг е кое било  животно со рогови кое пасе трева и испушта звуци како блеење или мекање, пишува NYT, а весникот „Beijing Daily“, додава дека јанг има богато и сложено значење во главите на Кинезите.

Во Кина со разликата не се оптоваруваат. Никогаш за тоа не сум размислувал. Мораме ли да ги разделиме?, праша Чен Ксуфенг, бирократ од Пекинг. Гледам повеќе кози меѓу симболите на зодијакот, но купувам кадифени овци, тие се послатки.

Доминантна е теоријата дека кинеската култура на народот Хан се развила во сточарскиот север каде преовладуваат кози, па знакот зодијак мора да биде коза. Тоа животно навистина е вообичаено во традиционалната новогодишна уметност. Сепак, и овците имаат свои поддржувачи, па и тие се повеќе се гледаат на празничните декорации.

Етнолог во Институтот за култура и историја во Пекинг, Жао Шу смета дека тоа е глупава дебата. Суштеството во прашањето настана како општ симбол на среќа и изобилство. Ако оние кои не им е мајчин јазик кинескиот си ги крашат главите околу тоа дали е коза или овца, тоа е нивни проблем, рече Жао.

Тоа е смешно. Коза и овца се разликуваат во францускиот и англискиот јазик, но каква има врска со традиционалната кинеска култура? На француски се преведува како година на коза, на англиски како година на овца. Во западната култура има разни поткатегории и затоа Европа е така разделена. Ако сакате да знаете дали е овца или коза, зошто не се воведе во приказната и јарец или овен? Но кинеската култура не е таква, таа го вклучува духот и нагласува харомонија, заклучи Жао.

И некои други знаци на кинескиот зодијак можат да се преведат повеќезначно. Година на стаорецот мирно би можела да биде и година на глушецот. Или година на глодачот. Строго зборувајќи, година на волот би можела да биде и година на кравата, како што и година на петелот може да се претвори во кокошка.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски