На Оскарите сепак ќе се изведуваат сите номинирани песни

Од:

По најавата дека на доделувањето на Оскарите ќе се изведат само две песни номинирани за најдобра филмска музика, американската Филмска академија сега има намера на свеченоста, сепак, да се изведуваат сите пет композиции, објави „Варајети“.

Претходно, планот беше да бидат изведени само „Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“ и „All the Stars” („Црниот пантер“).

На својата Твитер страница пак, Академијата објави дека вечерта гледачите ќе ги слушнат и „I’ll Fight” (од документарецот „РБГ”) во изведба на Џенифер Хадсон, како и „The Place Where the Lost Things Go” („Враќањето на Мери Попинс“) во изведба на изведувач кој треба да остане изненадување.

За петтата номинирана песна – „When a Cowboy Trades His Spurs for Wings” (од „Балада за Бастер Скрагс“), изведувачот, исто така, сѐ уште не се знае.

Настанот е закажан за 24 февруари.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ