На Оскарите ќе има почесна рубрика и за починатиот актер Кирк Даглас

Од:

Кирк Даглас ќе биде дел од рубриката „in memoriam (во сеќавање)“ на овогодинешните награди на Академијата.

Неговата смрт во средата предизвика силни реакции во холивудската фела.

Со оглед на статусот кој го имаше актерот во филмската индустрија, не изненадува што академијата го промени распоредот во рубриката „во сеќавање“ за да го вклучи Даглас.

Поучени од минатото кога филмската академија не вклучи дел од истакнатите режисери и изведувачи во рубриката во која се дава последен поздрав кон починатите филмски работници и затоа доживеа голема критика, оваа година тие со голема посветеност работат на прилогот за Кирк.

Даглас е познат по многу свои филмски ролји во класиците „Патеки на славата“, „Спартак“, „Борбата на пиштоли во О.К. Корал“ и „20.000 Лиги под морето“.

 

 

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ