На Бали цела новогодишна ноќ со огномет

Од:

На островот Бали, една од најпознатите туристички дестинации во Азија и во светот, со доаѓањето на првиот ден од 2015 година започна петчасовен огномет кој буквално го осветлува целиот остров.

Огнометот треба да заврши нешто пред пет часот кога на ова подрачје доаѓаат кратките мугри, а сонцето, како и во другите подрачја блиски до Екваторот, се крева од хоризонтот точно во 6 часот.

Медиумите во југоисточна Азија јавуваат дека и покрај тажните вести поврзани со несреќата на авионот на Ер Азија новогодишната атмосфера е традиционално весела и полна со позитивни желби и очекувања.

Весело е и во Тајланд, каде се уште има мерки за ограничување на масовни јавни собири, но генералите што сега раководат со оваа држава дозволија слободна продажба на алкохол, па многумина жители на Бангкок доаѓањето на Новата година го пречекуваат со чашка или шише алкохол на улица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скопје како воена зона, за Тошковски на Нова година било мирно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот ја дочека 2025, спектакуларни огномети во Париз, Лондон, Дубаи, Њујорк

Катерина Ѓуровски

Жителите на Самоа и Кирибати веќе ја дочекаа Новата 2025 година

Сиљановска-Давкова: 2025-та да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Продолжуваме да работиме на економскиот напредок, борба против криминалот и корупцијата и евроинтеграциите, 2025 ќе биде година на развој, раст и подобар живот за сите

Филипче: Во годината што измина Владата заборави на граѓаните, го срози животниот стандард, го блокираше напредокот

Предраг Петровиќ