„Моторџика“ преку ден, навечер се трансформира во дама – стилско дефиле на Зета Џонс

Од:

Кетрин Зета Џонс ги покажа сите свои лица и можности за модна трансформација на премиерата на својот нов филм Rock of Ages викендов во Лос Анџелес.

Таа докажа дека и подеднакво добро и стојат и елегантна тоалета и моторџиски кожени пантолони. За премиерата на својот нов филм, на црниот (а не црвениот тепих) заблеска во нежен, кус фустан кој ја откриваше едната рака и овозможуваше комплетен увид на нејзините одлично обликувани нозе.

За веднаш по премиерата, црната чипка да ја замени со црни кожни пантолони. Фотографиите од Зита Џонс на аеродромот во Лос Анџелес, покажуваат дека сосема одлично покрај дамскиот и прилега и рокерскиот стил.

Пудра бојата која е хит оваа сезона, Кетрин ја надополни со црни детали од чипка, кои се покажаа како добитна комбинација бидејќи модните критичари веднаш упатија пофалби и за нејзиниот стил ино и за тоа како изгледа оваа 42 годипшна актерка.

Меѓутоа, веднаш откако гламурот и сјајот на филмските премиери ги остави зад себе, атрактивната сопруга на Мајкл Даглас, на аеродромот се појави во подеднакво добитна стилска комбинација. За да го избегне мрачниот изглед, оскровката и ѕвездата на филмовите „Чикаго“ и „Маската на Зоро“ рокерските кожни пантолони и црните чизми ги надополни со бело сако.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ