Мобилните станици за електричните автомобили на „Фолксваген“ ќе бидат пуштени оваа година

Од:

Германскиот гигант „Фолксваген“ се обидува да ја врати довербата кај потрошувачите, откако угледот на компанијата се намали по скандалот со јаглеродните емисии на нејзините дизел мотори во 2016 година.

Еден од методите за тоа е многу активно учество на „Фолксваген“ во бизнисот со електрично полнење. Компанијата соопшти дека ќе започне со производство на сопствени батерии за е-автомобили, како и да рециклира стари.

Покрај тоа, тие ќе развијат мобилни станици за полнење, за да им олесни што е можно повеќе на возачите. Тие ќе се појават на улиците на градот Волфсбург, каде што е нивната централа, во втората половина на оваа година.

Целата иницијатива ќе го чини „Фолксваген“ околу 800 милиони евра.

Минатиот месец компанијата претстави мобилна станица, чиј капацитет може да наполни до 15 автомобили, во просек за 17 минути. Овие станици ќе бидат произведени во фабриката во Хановер, која по 2026 година ќе се занимава само со тоа. Од 2020 година, станиците ќе бидат достапни и во други градови и крајната цел на „Фолксваген“ e да создаде непрекинат циклус од рециклирани батерии.

Гигантот вети дека ќе отвори прва фабрика за е-автомобили во САД, како и дека ќе соработува со „Форд“ во областа на електричните автономни автомобили.

Покрај тоа што е корисна за компанијата, иницијативата за мобилните станици и батерии ќе биде добра за конкуренцијата, бидејќи досега, поголемиот дел од користените во Европа батерии се произведуваат во Азија.

Би можело да ве интересира

Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија

А1он

Седан верзијата на „Пасат“ заминува во историјата

А1он

Фолксваген ќе плати 3,5 милиони долари поради тужба од Илиноис

Ана Ололовска

Фолксваген соопшти за пад на приходите и профитот во третиот квартал поради глобалниот недостиг на чипови

А1он