Во гратчето Градачац во Босна и Херцеговина од вчера топ-тема е скандалот на свадбата на 23-годишниот локален жител Един Хусељиќ и Елда Мујчин.
Имено, младенците се скарале уште претходната вечер, но кулминацијата се случила утредента на сведбената прослава, пред 300 сватови.
Поводот за расправијата биле подароците во плико. Според обичајот, додека невестата им делела кафе на гостите, тие за возврат и ги давале ковертите со пари. Кога ги собрала сите пликоа, таа му ракла на сопругот дека сите пари се за неа.
Младоженецот се налутил, нагласувајќи оти свадбената веселба била на негова сметка и оти подигнал кредит за уредување на нивниот заеднички дом. Невестава се обидела да побегне со парите, но не успеала во тоа. На крајот ја напуштила свадбата и се вратила во својот град.
– Мојот образ е чист. Млад сум и можам да продолжам со животот, жив сум, здрав. Сето ова ќе заврши со развод, изјави Един за „Дневни аваз“.