Мистериозна патничка остави необична порака за нејзиниот сопатник

Од:

Додека поголемиот број патници во авионите вообичаено се жалат на луѓето покрај себе, една жена решила да му го разубави денот на нејзиниот сопатник Алан Хигинс.

Додека Хигинс не гледал мистериозната патничка покрај неговото седиште оставила порака што го воодушеви светот.

– Се надевам дека ќе имате навистина убав ден. Се надевам дека знаете дека вредите, дека сте посебен и сакан. Се ќе биде в ред. Денес и секогаш. Мислам на вас! Патничката од седиштето 5Ф, пишувало во пораката.

Хигинс, кој патувал од Камбера до Бризбејн, за News.com.au изјави дека пораката го расположила.

– Ме разнежи начинот на кој таа го направи убавиот гест што не го очекував. Се надевам дека следната личност која седнала на седиштето 5Ф уживала во пораката, како што уживав јас, изјави тој.

На својата страница на Фејсбук пораката ја објави и авиокомпанијата „Вирџин Остралија“, појаснувајќи дека таа била оставена во списанието кое се наоѓало покрај седиштето на Хигинс.

Потпаролот на компаниајта рече дека децата вообичаено знаат да пишуваат и цртаат мали спомени за пилоти или за екипажот на авионот, што им го прави денот убав.

По објавувањето на приказната, австралиските медиуми тргнаа во потрага по мистериозната жена.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ