„Мис Универзум Данска“ ја загуби титулата

Од:

„Мис Универзум Данска“, 24-годишната Кристина Микелсен ја загуби престижната титула поради „врски со криминална организација“, објави лондонски „Дејли Мејл“.

Според весникот, Микелсен ја загубила круната поради истрага за перење пари во Швајцарија, во која е осомничено и нејзиното поранешно момче, 42-годишниот Теодорин Обианг.

Обианг, инаку е актуелен потпретседател на Екваторијална Гвинеја и син на шефот на државата Теодоро Обианг. Во рамки на истрагата е заплената јахта во вредност од околу 100 милиони долари и неколку скапи автомобили, сопственост на Обианг помладиот.

Микелсен, која беше во врска во Теодорин од 2013 година, меѓутоа тврди дека Данскиот комитет на Мис универзум, само го користи скандалот како изговор за да и ја одземе титулата.

Таа ги обвинува членовите на Комитетот дека и ја одзеле титулата затоа што ги одбила нивните сугестии да ослаби уште осум килограми до светскиот Избор на мис универзум, бидејќи тие сметале дека со нејзините 54 килограми е „премногу дебела“ за учество на ваква манифестација.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мис Филипини e новата Мис Универзум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мексиканката Ванеса Понсе де Леон е нова Мис на светот

Ана Ололовска

Избрана Мис Америка 2019

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претставничката на ЈАР ја доби титулата „Мис Универзум“

Ана Ололовска

Мануши Чилар од Индија е Мис на светот 2017

Ана Ололовска