Мис Пиги доби феминистичка награда

Од:

Филмската и телевизиска дива, саканата Мис Пиги, доби феминистичка награда за нејзиниот општествен придонес од Центарот „Елизабет А. Саклер“ на свеченост што се одржа синоќа во њујоршкиот музеј Бруклин.

– Возбудена сум, но искрено, не и изненадена со наградата, „изјави“ Мис Пиги пред свеченоста на која беше поканет и нејзиниот долгогодишен партнер во телевизиската серија „Мапет Шоу“, жабецот Кермит.

Центарот „Елизабет А. Саклер“ доделува годишни награди на жени кои биле пионерки на некое поле.

Елизабет А. Сакклер, претседателка на Центарот за феминистички студии, теории и женски прашања во образложението на наградата рече дека Мис Пиги „отелотворува извонреден дух, решителност и трпеливост“ и дека генерациите на нејзините обожуватели „ги подучувала како да ги надминат пречките“.

Мис Пиги или прасицата Гица е еден од главните ликови во популарната телевизиска серија „Мапет Шоу“, која се прикажуваше од 1976 до 1981 година, како и во повеќе филмови, меѓу кои последниот е „Muppets Most Wanted“ од 2014 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ