Мила, ќе се омажиш ли за еден мртовец?

Од:

Сакајќи да дознае дали неговата долгогодишна девојка е вистинската жена за него, еден Русин се одлучил да ја стави на тест и да ја запроси на еден исклучително бизарен начин.

Триесетгодишниот Алексеј Бајков од Омск, ангажирал режисер, сценарист, шминкер и еден куп статисти за да му помогнат да создаде сценарио во кое тој како мртовец ќе и предложи брак на неговата девојка Ирена Колоков.

Средбата била договорена на една од најпрометните улици во центарот на градот. Кога девојката доаѓала до местото, наводно се случила тешка сообраќајна несреќа, во која тој починал.

„Кога пристигнав, улицата беше преполна со луѓе, имаше неколку испревртени автомобили и амбулантни коли. Имаше крв насекаде. Наеднаш го здогледав Алекс како лежи на улицата и кога му се приближив, лекарот што го прегледуваше ми кажа дека е мртов. Во истата секунда започнав да плачам“, раскажува Ирина.

Сепак, Алекс не ја оставил својата сакана да се удави во своите солзи, станал и со цвеќиња, балони и прстен во рацете клекнал пред неа и ја побарал за жена.

Ирина прво се исплашила и во шок започнала да бега, но потоа се вратила и му се фрлила во прегратка.

„Толку се налутив што ми идеше да го убијам со сопствените раце“, вели таа, но сепак ја прифатила понудата и го кажала судбоносното „да“.

„Се што сакав да направам е да таа сфати колку би и бил празен и бесмислен животот без мене. Мислам и дека успеав, но ветувам повеќе никогаш нема да го направм тоа,“, вети Алек и претпоставуваме среќно ќе си живеат додека смртта не ги раздели.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски

На забава во САД повредени се најмалку 25 луѓе, се срушил подот од куќата

A1on

ВИДЕО: Шпанската полиција растури нелегална новогодишна забава која траела 40 часа

Разврат во британските ноќни клубови пред да стапат во сила новите мерки против коронавирусот

А1он