Метју Пери итно опериран

Од:

Ѕвездата на култната серија „Пријатели“, Метју Пери беше подложен на тешка операција поради проблем со дебелото црево, соопшти неговиот портпарол.

– Метју Пери неодамна беше опериран во Лос Анџелес поради гастроинтестинална перфорација. Тој е благодарен за загриженоста на фановите и замоли за мир, додека се излечи целосно, изјави портпаролот.

Сегашните проблеми на 48-годишниот актер можно е да се предизвикани од зависноста од различни супстанци. Од 1997 до 2001 година Пери беше лекуван од зависност од викодин, метадон, амфетамини и алкохол.

– Најмногу имав проблем со пиењето и со опијатите. Мислам дека бев многу добар во прикривањето, но на крајот луѓето сфатија. Беше страшно за гледање. Бев болен човек, изјави Пери во една прилика за Еј-Би-Си.

Популарниот Чендлер Бинг во неколку наврати изјави дека едвај се сеќава на времето кога тој учествувал во серијата „Пријатели“, која го направи светски популарен.

Би можело да ве интересира

Омилениот Џои од „Пријатели“ снимен во јавност после долго време, актерот тешко се препознава

Предраг Петровиќ

Еден од обвинетите за смртта на Метју Пери се изјасни за виновен

Повеќе луѓе би можеле да бидат обвинети за смртта на Метју Пери

Предраг Петровиќ

Уште една славна личност вмешана во смртта на Метју Пери: „Тие беа движечки аптеки“

Предраг Петровиќ

Повеќе луѓе вмешани во смртта на Метју Пери?

Предраг Петровиќ

Кортни Кокс тврди дека Метју Пери ја „посетува“ дури и по смртта: Чувствувам дека е тука

Предраг Петровиќ