Месото ја чува витката става

Од:

Кога сакаат да ослабат, жените најлесно се откажуваат од месото, а тоа е често една од најголемите грешки што ја прават.

Многу нутриционисти велат дека месото во умерени количини му е неопходно за организмот, само притоа е важно тоа да не биде масно. Постојат и такви кои тврдат дека исхраната богата со протеини е најздрава, а притоа и најдобар начин за губење на килограмите.

До такви заклучоци дојде и тим научници од Универзитетот во Сиднеј, кои во тек на опсежно истражување утврдиле дека сите кои се борат со вишок килограми треба наместо да ги бројат калориите, да ги бројат протеините.

Раководителот на тимот, нутриционистот Дејвид Рубенхајмер, објасни дека кога јадете протеини, телото истовремено со внесот троши калории, така што нема опасност од наталожување на вишок.

– Тие кои внесуваат помалку месо, веројатно ќе претеруваат со масти и јаглехидрати, што е погубно по линијата и здравјето, вели Дејвид.

Би можело да ве интересира

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска

Пет утрински навики кои му пречат на слабеењето

Ана Ололовска

Повеќе од една четвртина од Русинките страдаат од дебелина

Ана Ололовска