Меланија Трамп како во Топ Ган: Со авијатичарски очила и високи потпетици во посета на поплавените подрачја во Тексас

Од:

Првата дама на САД, Меланија Трамп предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако денес беше сликана со нејзиниот сопруг за време на посетата на поплавените подрачја во Тексас како носи високи штикли и авијатичарски очила.

– Пристигнува помош во Тексас. Не се грижите, Меланија ги носи своите штикли со шпиц специјално за ураганот, напиша на Твитер комичарот Бред Волак додека Џеј Ди Алтман напиша дека некој треба да ѝ каже на Меланија дека штиклите треба да ѝ бидат малку повисоки за таа поплава.

Комичарката Џесика Кирсон пак напиша дека идејата на Меланија е одлична и дека може да собира отпадоци со високите потпетици.

– Меланија изгледа како Барби да помага во поплавите, напиша Марија дел Русо.

Покрај високите потпетици, Меланија беше критикувана и за зелената авијатичарка јакна и очила.

Нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, без кравата се подготвил за дождот, облечен во јакна со знак на претседателството и во обувки кои изгледаа водотпорни.

Корисниците на социјални мрежи за Меланија искоментираа дека била облечена како за во Топ Ган и се прашуваа дали таа го управувала авионот до Тексас.

Меѓутоа не беа сите коментари комични имаше и такви кои луто го коментираа стајлингот на Меланија дека луѓето се борат за живот и дека тоа не е фото сесија или модна ревија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трансформациите на првата дама на САД – Меланија Трамп

А1он

(ВИДЕО) Снимката од разговорот на Меланија предизвика дебата: На кој јазик зборува?

А1он

Читателите на усни откриваат за што разговарале Меланија и Трамп за време на танцот на инаугурацијата

А1он

ВИДЕО: Меланија блескаше на балот, а потоа се појави Иванка

Предраг Петровиќ

Шеширот на Меланија Трамп предизвика различни реакции: Дали беше прикладен за инаугурацијата?

Предраг Петровиќ

Меланија Трамп лансира сопствена криптовалута