Меѓународен натпревар по камерна музика во Кавадарци

Од:

Деведесет и два камерни состави со вкупно 254 учесници се натпреваруваат на дводневниот трет по ред меѓународен натпревар по камерна музика што денеска започна во Кавадарци.

Натпреварот се одржува во домот на културата „Иван Мазов Климе“, кој заедно со основното музичко балетско училиште „Лазо Мицев Рале“ се негови организатори. Покровители се градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов и Советот на општината. Натпреварувањето е со финансиска поддршка на Министерството за култура и во согласност со Министерството за образование и наука.

– Натпреаврувачите се раководени од 67 ментори а ќе се претстават 85 класични и 7 традициски состави. Имаме натпреаврувачи од Кавадарци, Штип, Скопје, Велес, Битола, Неготино, Струга и Тетово, но и од Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, изјави Владимир Темков, директорот на домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Би можело да ве интересира

Пијан, со одземена возачка возел автомобил и не пропуштил пешаци

Горан Наумовски

33-годишен маж е тешко повреден во фабрика во Кавадарци

Во Кавадарци и Неготино сопруги пријавиле физички напад и закана од сопрузите

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Семејно насилство во Кавадарци: Маж ја истепал сопругата

Горан Наумовски

42-годишен маж од Кавадарци ја задави својата партнерка